EU Code Week 2026

 Од работилницата „AidaFizika“ за најмалите

Денес учевме, игравме и програмиравме преку забавни активности за EU Code Week.

Преку игра, движење и креативност, најмалите ученици ги развиваа:

- логичкото размислување,

- тимската работа, 

- дигиталните вештини,

- алгоритамското размислување.

Со насмевки, многу идеи и детска љубопитност, нашите мали програмери покажаа дека учењето може да биде интересно и забавно.

#AidaFizika #EUCodeWeek #CodingForKids #DigitalSkills #МалиПрограмери 


I - „Роботче – втораче, ги следи командите
    

Потребен материјал

- хартиени стрелки,

- предмет (топче, книга, играчка),

- лента за означување патека.

 

Како се игра

1.Еден ученик е робот.

2.Друг ученик дава команди:

- оди право,

- сврти лево,

- сврти десно ,

- земи предмет.

3.Роботот смее да прави само тоа што е кажано.

 

Цел

Учениците учат:

- редослед на команди,

- алгоритам,

- логичко размислување,

 

Забавна варијанта

Ставете „пречки“ и учениците нека го водат роботот до богатство.

II - „Кодирана патека“

 

Потребен материјал:

- квадрати од хартија,

- стрелки,

- сликичка со богатство.

 

Подготовка

На подот направете мрежа од квадрати.

 

Како се игра?

Учениците треба:

- да испланираат патека,

- да ги подредат стрелките,

- да стигнат до целта.

 

Пример:
➡️ ➡️ ⬆️ ⬅️

 

Цел

Развива:

- просторно размислување,

- решавање проблеми,

- планирање .

 

Дополнителна идеја

Некои полиња може да бидат:

- „лава“,

- „река“,

- „мост“.

 


III - „Таен код со бои“

Потребен материјал:

Картички во боја:


Код:

- зелена = оди ,

- црвена = стоп ,

- жолта = сврти,

- сина = скокни .

 

Како се игра?

Наставникот / координаторот покажува бои, а учениците ги следат командите.

Потоа учениците:

- сами прават код ,

- другите го „читаат“.

 

Цел:

Учениците учат:

- симболи,

- кодирање,

- следење алгоритам.

 


Предлог  активностите се одлични за EU Code Week бидејќи:

- не бараат сложена технологија,

- се динамични,

- ги вклучуваат сите ученици,

- развиваат компјутерско размислување на едноставен начин.

Comments

Popular Posts